РЕШЕНИЈА ЗА БИЗНИС
Големи и комплексни системи – нашата вистинска сила
КЛИМИ МОНТ има искуство и капацитет за реализација на сложени и обемни проекти. Работиме со VRF системи, чилери и комплетни решенија за комерцијални и индустриски објекти.
За нас, комплексноста не е ризик туку одговорност што знаеме да ја управуваме. Секој проект започнува со анализа на објектот и реалните потреби, а завршува со систем што работи стабилно и долгорочно.
Не се плашиме од комплексни системи.

Решенија за:
- Деловни згради
- Хотели и угостителски објекти
- Производствени хали
- Трговски простори
- Станбени комплекси
Рекоа за нас...
„Фирма на која може да се потпрете на долг рок. Веќе неколку години ни ги одржуваат системите за ладење и греење. Тимот е професионален, коректен и секогаш излегува во пресрет кога има итна потреба. Секоја препорака.“
„Имавме проблем со VRF систем за кој никој не сакаше да се нафати. После неколку неуспешни обиди со други фирми, овие луѓе го дијагностицираа проблемот и го средија професионално. Секоја чест за знаењето и пристапот.“
„Одлично искуство со монтажа на повеќе климатизери во деловен простор. Добра координација, професионален пристап и фер цена. Се гледа дека имаат искуство со поголеми проекти.“
„Соработката беше стварно лесна и без компликации. Добивме точни информации, фер цена и професионална монтажа. Би ги препорачал без размислување.“
„Климите ги монтираа за помалку од еден ден и искрено многу сум задоволен. Немаше доцнење, оставија чисто после монтажа и ми објаснија сè околу нивното користење. Ретко се наоѓа ваков однос денес.“
„Од телефонскиот разговор до завршена монтажа – сè беше коректно и организирано. Ми помогнаа околу избор на клима според буџет и простор, без непотребно убедување за поскап модел.“
„После долго барање се одлучивме за оваа фирма и не згрешивме. Ни препорачаа систем за вентилација и климатизација според квадратура, не форсираа поскапа варијанта само за продажба. Професионални и коректни.“
Одлична услуга и за сервис и за монтажа. Тимот точно го пронајде проблемот со топлинската пумпа, а потоа ни монтираа и нов клима уред. Секоја препорака за професионалноста.“
„Многу професионален тим. Монтажата помина без никакви проблеми, а единицата работи одлично и на ладење и на греење.“
„Првпат земаме клима од оваа фирма и искуството беше супер. Ми се допадна што стварно си стојат на зборот за термин и цена. Денес тоа ретко се случува.“





