За нас
„Повеќе од клими.
Партнер за сигурна климатизација.“
Семеен бизнис изграден на знаење, одговорност и доверба
Го сакаме она што го правиме
Со 15+ години искуство и над 15.000 монтирани системи, не нудиме само производи, туку правилно решение за секој простор.
Како работиме?
Работиме како стручни технички лица и советници, па секоја препорака се темели на реални потреби и практично искуство. Затоа најголемиот дел од нашите проекти доаѓаат преку препорака.
За нас, климатизацијата не е само уред, туку систем што треба да функционира сигурно со години.
Кој стои позади КЛИМИ МОНТ?
Компанијата е основана и водена од двајца браќа со долгогодишно теренско искуство во сервис и монтажа, од поединечни клими до комплексни VRF и комерцијални системи.

Нивниот пристап е едноставен: Секој систем мора да биде избран правилно, монтиран професионално и поддржан со вистинска грижа.
Доколку барате сигурно решение, брза реакција и партнер на кој можете да сметате – контактирајте нè!
Рекоа за нас...
„Фирма на која може да се потпрете на долг рок. Веќе неколку години ни ги одржуваат системите за ладење и греење. Тимот е професионален, коректен и секогаш излегува во пресрет кога има итна потреба. Секоја препорака.“
„Имавме проблем со VRF систем за кој никој не сакаше да се нафати. После неколку неуспешни обиди со други фирми, овие луѓе го дијагностицираа проблемот и го средија професионално. Секоја чест за знаењето и пристапот.“
„Одлично искуство со монтажа на повеќе климатизери во деловен простор. Добра координација, професионален пристап и фер цена. Се гледа дека имаат искуство со поголеми проекти.“
„Соработката беше стварно лесна и без компликации. Добивме точни информации, фер цена и професионална монтажа. Би ги препорачал без размислување.“
„Климите ги монтираа за помалку од еден ден и искрено многу сум задоволен. Немаше доцнење, оставија чисто после монтажа и ми објаснија сè околу нивното користење. Ретко се наоѓа ваков однос денес.“
„Од телефонскиот разговор до завршена монтажа – сè беше коректно и организирано. Ми помогнаа околу избор на клима според буџет и простор, без непотребно убедување за поскап модел.“
„После долго барање се одлучивме за оваа фирма и не згрешивме. Ни препорачаа систем за вентилација и климатизација според квадратура, не форсираа поскапа варијанта само за продажба. Професионални и коректни.“
Одлична услуга и за сервис и за монтажа. Тимот точно го пронајде проблемот со топлинската пумпа, а потоа ни монтираа и нов клима уред. Секоја препорака за професионалноста.“
„Многу професионален тим. Монтажата помина без никакви проблеми, а единицата работи одлично и на ладење и на греење.“
„Првпат земаме клима од оваа фирма и искуството беше супер. Ми се допадна што стварно си стојат на зборот за термин и цена. Денес тоа ретко се случува.“





